Американските воени претставници ги пронајдоа остатоците од воениот авион Ф-35 кој исчезна вчера попладне кога пилотот се катапултираше над Јужна Каролина.
Како што е соопштено, властите ги откриле остатоците од т.н. невидлив авион вреден 100 милиони долари во руралниот округ Вилијамсбург, североисточно од базата Чарлстон.
Пилотот паднал со падобран на безбедно во населбата Северен Чарлстон, а засега не е познато што ја предизвикало несреќата.
Истрагата е во тек.