ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат одговор од власта, зошто се дадени 40 милиони евра за лиценци

ВМРО-ДПМНЕ-Граѓаните-бараат-одговор-од-власта-зошто-се-дадени-40.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сеуште нема одговор од власта и институциите, зошто се дадени рекордни пари за тендери за лиценци, во три години, 15 па 25 милиони евра, за една иста услуга?, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.


„Дали причината се колегијалните односи, помеѓу Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс, кој во тоа време бил колега на Ковачевски, тогаш министер, а сега премиер?

Во 2021-ва година Андонов, колегата на Ковачевски, владата го прифатила за конзул на Грузија во Македонија и притоа му отвора конзулат. Како е можно во нормална држава, на странски дипломати, да се доделува ваков тип на договори, односно лиценци за програми, кои треба да овозможат и безбедност?

Може власта да ги крие одговорите пред јавноста, но не за долго. Одговорност ќе има веднаш, по формирањето на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK