Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг доби нова лоша вест, откако Арон Ван-Бисака ќе отсуствува речиси два месеци добивајќи повреда на мечот со Брајтон, иако во натпреварот влезе како замена во 85. минута од мечот.
Десниот бек добил повреда на бутниот мускул, откако не беше стартер на мечот поради настинка. Тен Хаг веќе е без три од своите бекови, а повредата на Ван-Бисака доаѓа по долгорочната повреда на Лук Шо, исто така на бутнииот мускул, додека Тајрел Маласија влече повреда од минатата сезона. Јунајтед го донесоа Серхио Регилон на позајамица од Тотенхем и тој и Диого Далот остануваат единствените бекови кои се достапни.
Во аут се и фудбалерите од средниот ред Мејсон Маунт и Софијан Амрабат, централниот бек Рафаел Надал, додека Расмус Хојлунд само што се врати од повредата на грбот. Јунајтед исто така не може да смета на Антони, кој остана во Бразил да се брани од обвинувањата за силување и физички напад, како и без Џејдон Санчо, кој е исклучен од тимот по конфликтот со менаџерот Ерик Тен Хаг.
Јунајтед го почнуваат својот настап во Лигата на шампиони во среда против Баерн Минхен.