Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

Притвор-за-дилер-на-дрога-од-Гевгелија.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластенo производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори член 215 став 1 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик.


Осомничениот, во неговиот дом во Гевгелија, неовластено заради продажба држел наркотична дрога, хероин во вкупна количина од 11,23 грама како и наркотична дрога кокаин спакувана во алуминиумска фолија во количина од 0,08 грама. При претресот на 15 септември кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога како средство наменето за мерење на наркотичната дрога при продажба.

По претходен телефонски договор, осомничениот на сведок му продал 1 грам хероин за цена од 2.600 денари, додека на друг сведок, со намера да му продаде наркотична дрога, му овозможил во неговиот дом да конзумира хероин во два наврати.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело или дека ќе го повтори делото. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.​

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK