Кинески авиони забележани во близина на Тајван

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тајванската војска регистрирала 103 авиони на кинеската армија кои се приближувале кон островот во еден ден, што е рекорден број на авиони испратени од Пекинг во областа за 24 часа, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.



„Од утрото на 17 септември до утрото на 18 септември, Министерството за одбрана ги следеше активностите на вкупно 103 авиони, што е рекордна бројка во последно време и претставува сериозен предизвик за безбедноста во тајванскиот теснец и во регионот“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Тајван, објавено на својата веб-страница.

Тие наведуваат дека сегашните воени активности на Кина лесно може да доведат до зголемување на тензиите, како и до влошување на регионалната безбедност.

„Го повикуваме Пекинг да преземе одговорност и веднаш да престане со ваквите еднострани деструктивни дејствија“, се вели во соопштението на тајванската војска, пренесува Ројтерс.

Тензиите околу Тајван, кој Кина го смета за своја територија, значително се влошија по посетата на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на островот на почетокот на август минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK