„Отворена политичка провокација“: германската министерка го нарече Шји диктатор, Кина остро одговори

„Отворена-политичка-провокација-германската-министерка-го-нарече-Шји-диктатор-Кина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг го изрази своето силно незадоволство од Германија.


Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која го нарече кинескиот претседател Шји Џјинпинг „диктатор“, е „апсурдна“ и претставува „отворена политичка провокација“.

Бербок ова го изјави во интервју за „Фокс њуз“ минатата недела на прашањето за руската војна во Украина.

„Ако Путин победи во оваа војна, каков сигнал би бил тоа за другите диктатори во светот, како што е Шји, кинескиот претседател“, рече таа.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека изјавите на Бербок се „крајно апсурдни“ и го навредуваат политичкото достоинство на Кина, пренесува Ројтерс.

„Тоа е отворена политичка провокација“, рече Мао на прес-конференцијата и додаде дека Кина во таа прилика изрази сериозно незадоволство од Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK