Криси Тајген и Џон Леџенд ги обновија брачните завети

Криси-Тајген-и-Џон-Леџенд-ги-обновија-брачните-завети.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Криси Тајген и Џон Леџенд ги обновија своите брачни завети.


Манекенката (37) и музичарот (44) се вратија на местото каде што се венчаа – езерото Комо во Италија – за да го врзат јазолот на прослава на нивната десетгодишнина.

„Беше многу романтично. Пристигнаа со брод… Беше воодушевувачки да се видат сè уште толку среќни заедно,“ извор кој присуствувал на настанот изјави за „Пипл“.

„Џон и Криси излегоа на балконот и ги поздравија сите гости. Џон одржа краток говор подоцна, по вечерата.“

„Имаше танцување и, бар покрај езерото кој стана омилено место вечерта. И храната беше одлична.“

„Имаше цвеќиња насекаде на нивниот голем ден. Многу елегантен настан во класичен стил,“ додаде изворот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK