Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо стана деловен партнер на пејачот-текстописец Џејмс Блант.
48-годишниот актер и музичарот (49) наводно инвестирале во LØCI – британски бренд на вегански патики – откако нивната заедничка пријателка принцезата Јуџин ги убедила да ја поддржат компанијата.
Извор за весникот „Сан“ изјави: „Јуџин со брендот ја запозна нејзината добра другарка Софија, сопругата на Џејмс. Заедно присуствуваа на настан за промоција на компанијата минатата година.“
„Таа е поврзана со Лео преку некои нејзини холивудски пријатели и го инспирираше да инвестира минатото лето.“
Веганските патики всушност станаа популарни кај неколку членови на кралското семејство.
Ди Каприо е добро познат по својот еколошки активизам. Во 2016 година глумеше во документарен филм „Пред потопот“, кој се фокусира на климатските промени.
Инсајдерот додаде: „Јуџин оттогаш им ги претстави патиките на принцот Хари и Меган, како и на другите ‘еко-френдли’ членови на кралското семејство.“