Турција остана без селектор – Штефан Кунц добил отказ

Турција-остана-без-селектор-–-Штефан-Кунц-добил-отказ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот фудбалски сојуз одлучи да го раскине договорот со селекторот Стефан Кунц, откако Германецот ги критикуваше своите играчи по поразот од Јапонија минатата недела, во прјателски натпревар, објави во новинската агенција Демирорен (ДХА).


По поразот од Јапонија со 2:4 во вторникот, Кунц одговори на повиците од навивачите да поднесе оставка, велејќи дека неговите играчи треба да работат повеќе и дека тој не треба да ја презема целата вина.

Кунц рече дека неговите играчи на критиките треба да одговорат на теренот ,а не во „во интервјуа по натпреварот“, додавајќи дека е вознемирен што неговите играчи не се однесуваат најдобро.

ДХА рече дека коментарите на Кунц ги влошиле односите со Турската фудбалска федерација (ТФФ), која во неделата го информираше дека повеќе нема да биде селектор. Агенцијата објави и дека договорот на Кунц, кој истекува по ЕП, ќе биде поништен.

За време на викендот немаше официјално соопштение од ТФФ по ова прашање. ДХА пишува дека ТФФ одлуката ќе ја објави во вторник.

Кунц, поранешен напаѓач на Германија, кој исто така играше за турскиот клуб Бешикташ, беше назначен за селектор на Турција во септември 2021 година, откако ја предводеше репрезентацијата на Германија до 21 година на Европското првенство во 2017 и 2021 година. Тој победи во 12 од неговите 20 натпревари откако ја презеде клупата на Турција, одигра три нерешени резултати, а загуби пет.

Според ДХА, помошникот на Кунц, Кенан Кочак би можел да ја предводи репрезентацијата во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Хрватска на 12 октомври.

Агенцијата шпекулира и дека ТФФ би можеле да го вратат поранешниот селектор Абдула Авчи или дури да потпише договор со поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK