Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека ЕУ очекува подобар исход од последната рунда и дека за дијалогот и следните чекори ќе разговара со европските и американските партнери.
„Минатата недела ја поминав во Брисел каде што заедно со мојот тим се подготвив за средба за дијалог на високо ниво чиј домаќин беше високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел. Како што веќе кажа високиот претставник во изјавите за медиумите, се надевавме на подобар исход“, напиша Лајчак на Фејсбук во својот редовен преглед од претходната недела.
Тој рече дека е добро да се размисли за изминатите неколку дена пред да се скокне во „виорот на седмицата на високо ниво на Генералното собрание на ОН“.
„Ситуацијата од дијалогот заедно со тензичната ситуација на северот на Косово ќе бидат предмет на претстојните стратешки разговори со нашите американски и европски партнери за одредување на нашите следни чекори“, напиша Лајчак.
Тој рече дека по завршувањето на новата рунда од дијалогот на високо ниво разговарал со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел и изразил благодарност за нивниот интерес за дијалогот и за нивната силна поддршка.
Тој се сретна и со директорот за политички прашања и врски на Советот на Европа, Мирослав Пап, кого го информираше за дијалогот.
„Ја ценам интересната размена за она што се случува во Советот на Европа и потврдата за нашата проширена соработка во промовирањето на европските стандарди на Западен Балкан“, рече Лајчак.