Комедијата „Обвинителка“ во Скопје на 22 септември

Комедијата-„Обвинителка-во-Скопје-на-22-септември.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комедијата „Обвинителка“ ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 22 септември 2023 во 20.00 часот. Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актулна тематика.


Автор на текст е Огнен Неделковски, Режисер,Сашо Ристовски, Сценограф е Крсто Богојевски, Костимографија,Елена Лука и Музика на Мишел Трајковски.

Улогите ги толкуваат: Лидија Вукиќевиќ (Србија), Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.

Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот.

Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата.

По барање на публиката хит комедијата „Обвинителка“ ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK