Минатата недела санкционирани 237 непрописно паркирани возила во општина Центар

Минатата-недела-санкционирани-237-непрописно-паркирани-возила-во-општина-Центар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.


„Во периодот од 11.09. до 17.09.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 122 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 115 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се додава во соопштението на ПОЦ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK