Претседателот на унгарскиот парламент за влезот на Шведска во НАТО: Не ни треба таков сојузник

Претседателот-на-унгарскиот-парламент-за-влезот-на-Шведска-во-НАТО.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Не е сигурно“ дека Унгарија треба да го одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави доцна синоќа претседателот на унгарскиот парламент за локалната телевизија ХирТВ, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот. Процесот на ратификација на Унгарија е закочен во парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократското назадување на Унгарија.


Турција и Унгарија се уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. „Не ни треба сојузник кој така размислува за нас“, рече Ласло Ковер.

„Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“, нагласи тој.

Тој мислеше на краткиот шведски едукативен филм за студенти кој ја критикува состојбата на демократијата во Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто веќе испрати отворено писмо до својот шведски колега во кое нагласува дека барањето унгарскиот парламент да го ратификува членството на Шведска во НАТО и нападот врз унгарската демократија се меѓусебно контрадикторни.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО на самитот на алијансата во Вилнус во јули. Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Финска доби зелено светло во април, но Шведска е задржана од Турција и Унгарија. Будимпешта соопшти дека ќе го одобри шведското членство штом Турција го направи тоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK