Во Белгија уапсен економист од Загреб: Шверцувал 2,7 тони кокаин

Во-Белгија-уапсен-економист-од-Загреб-Шверцувал-27-тони-кокаин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјална единица на белгиската полиција го уапсила 36-годишниот Т.Ш од Загреб, економист од Хрватска, осомничен дека со група луѓе од различна националност увезол 2,7 тони кокаин во Белгија, пишува Јутарњи лист, кој вели дека хрватската полиција е запознаена со апсењето.


Но, најчитаниот белгиски интернет портал HLN.be пишува дека покрај државјаните на Белгија, Холандија, Ерменија и Летонија, уапсен е и еден хрватски државјанин, но не споменуваат Хрват. Веста ја соопштија на 13 септември, па лесно е можно подоцна да се утврди дека се работи за Хрват. Ова е најголемата заплена на кокаин досега поврзана со хрватски државјанин, пишува Јутарњи лист.

Како што пишуваат, дрогата, спакувана во јутени вреќи, била пронајдена во магацин откако претходно била однесена од пристаништето Антверпен, јавуваат белгиските медиуми.

Контејнерот со дрогата бил лоциран во пристаништето во Антверпен, а полицијата набљудувала кој ќе ја земе. Кога контејнерот пристигнал во магацинот, полицијата интервенирала и привела 11 мажи и еден малолетник, меѓу кои и Т.Ш. Уапсените се на возраст од 23 до 40 години, а малолетникот има 16 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK