Бурата Ли погоди големи делови од Нова Англија во САД, како и источните делови на Канада, оставајќи десетици илјади луѓе без струја, а едно лице го загуби животот во невремето.
Како што пренесува АП, бурните ветрови корнеле дрвја, а многу патишта биле поплавени. Еден човек загина во Мејн кога дрво паднало врз неговото возило.
Бурата Ли го погоди и источниот дел на Канада околу Халифакс, каде ветерот достигна брзина и до 110 километри на час. На најголемиот аеродром во областа, Халифакс Стенфилд, откажани се сите летови.
Бурата, меѓутоа, сега почнува да слабее додека се движи северно од Њу Бранзвик кон заливот Сент Лоренс.