Бордалас: Белингем му советуваше на Гринвуд да дојде во Шпанија

Бордалас-Белингем-му-советуваше-на-Гринвуд-да-дојде-во-Шпанија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем му советувал на својот британски сонародник Мејсон Гринвуд да направи трансфер во Ла лига, тврди тренерот на Хетафе, Хозе Бордалас.


Гринвуд минатиот месец се раздели со Манчестер јунајтед поради напуштената истрага за силување и физички напад, и зачудувачки тој премина во Хетафе како позајмен играч. Белингем ова лето исто така пристигна во Шпанија, правејќи трансфер од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид.

„Гринвуд е пријател на Белингем и му советуваше да дојде да игра во шпанската лига. Се работи за фантастичен играч и мораме да бидеме трпеливи со нас и да му помогнеме со целиот тренерски тим. Се адапира сензационално добро и се надевам дека ќе ни помогне оваа сезона“, вели Бордалас пред мечот со Осасуна во недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK