Вчера во Полициската станица Ѓорче Петров, 31-годишна жена од скопско пријавила дека пред неколку месеци во училишен двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и малтретирана од две нејзини врснички.
Од настанот бил направен видео запис и откако таа го видела, пријавила во полициска станица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.