Фудбалската репрезентација на Македонија, речиси сигурно ќе биде во третиот шешир кога ќе бидат одредени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2028 година.
Ждрепката ќе се одржи на 6 декември, а шеширите ќе бидат формирани врз основа на настапот во Лигата на нации.
Извесно е дека Македонија во квалификациите нема да може да игра против: осово, Шкотска, Унгарија, Полска, Грузија, Романија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија и Исланд.
Составот на првиот шешир е во голема мера дефиниран и речиси е сигурно дека нема да има поместувања.
Шешири за квалификациите за ЕП:
Шешир 1: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Грција, Холандија, Хрватска, Германија, Белгија, Италија, Норвешка, Данска.
Шешир 2: Велс, Турција, Србија, Чешка, Швајцарија, Австрија, Шведска, Украина, БиХ, Северна Ирска, Словенија, Република Ирска.
Шешир 3: Косово, Шкотска, Унгарија, Полска, Грузија, Романија, Македонија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија, Исланд.
Шешир 4: Финска, Луксембург, Естонија, Ерменија, Белорусија, Бугарија, Казахстан, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Молдавија, Сан Марино.
Шешир 5: Малта, Литванија, Азербејџан, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн.
Квалификациите ќе се состојат од 12 групи, од кои половината ќе имаат четири репрезентации. Победниците од групите одат директно на ЕУРО 2028, како и осумте најдобри второпласирани репрезентации.
Квалификациите за Европското првенство започнуваат во март 2027 година.
Foto/ ffm.mk