Капитенот на Партизан, Кевин Пантер откри колкав договор имал на почетокот на играњето во Европа, односно кога првпат добил понуда од милион долари.
„Во првата сезона во Европа заработив 40.000 долари, а првиот седумцифрен договор го добив во шестата сезона. Значи, ми требаа пет сезони да стигнам до таму“, изјави капитенот на Партизан.
Пантер најпрвин потпиша за Лаврио, а потоа играше за Антверпен, Роса Радо, АЕК Атина, Вритус, Олимпијакос, Црвена Звезда и Олимпија Милано.
„Имав цел. Кога играв за Лаврио, наидов на натпревар од Евролигата. Квалитетот на играта веднаш ми падна во очи, иако тогаш не знаев ништо за конкуренцијата. Му се јавив на агентот да ми каже повеќе и му кажав дека еден ден ќе бидам на тоа ниво. Кога бев во САД летото, работев напорно и не трошев пари. Имав план од четири или пет години и точно знаев која е мојата цел. За мене најважно е да играм многу и да можам финансиски да се грижам за мојот народ“.
Партизан ја промени кариерата.
„Многу ми помогна играњето за Жељко Обрадовиќ. Ментално, тој ме натера да размислувам повеќе во текот на натпреварот за донесување одлуки, различни видови додавања. Многу ми помогна да стигнам до повисоко ниво“, заклучи Американецот.
Новата сезона во Евролигата започнува на 5 октомври, а Пантер ќе биде капитен и предводник на Партизан.