Шпанскиот возач Марк Маркез наскоро би можел да стане член на фабричкиот тим на Дукати.
Марк Маркез е осумкратен светски шампион, но откако почнаа проблемите со повредите тој нема добри резултати во Репсол Хонда.
Неговиот договор истекува во 2024 година и веќе се шпекулира дека тоа ќе биде негова последна сезона во Хонда и дека би можел да се пресели во Дукати.
Марк беше видно незадоволен од прототипот за 2024 година за време на тестирањето во Мизано, а тоа само ги подгреа гласините за негово заминување од славниот тим.
Маркез сака да се врати на врвот, а се чини дека тоа е можно преку Дукати, а колку вистина има во целата оваа приказна наскоро ќе дознаеме, особено поради шпекулациите од пред две недели дека тој наредната сезона ќе вози заедно со својот брат Алекс, во сателитскиот тим на Дукати, Гресини.