Големи битки се водат во Дејвис купот за пласман на завршниот турнир во Малага, а во групата што се игра во Сплит, Американецот Френсис Тиафо предизвика инцидент.
Американецот и 11. тенисер во светот бркаше негатива што ја имаше неговата репрезентација на мечот со Холандија по поразот на Томи Пол од Ботик ван де Зандшулп (7:6, 6:2).
Тиафо играше против 24. играч во светот Талон Грикспор и го загуби првиот сет со 6:3, а вториот сет го доби во тај-брејк со 9:7.
Драма следуваше во третиот сет, каде Холанѓанецот поведе со 5:2 во тај-брејкот и сервираше ас, на кој беше досуден аут.
Тиафо беше на топката, но не ја префрли на другата страна, па откако беше побаран челенџ поенот му беше доделен на Гриксспор. Во тој момент Тиафо полуде.
„Како вчера во ваква ситуација поенот повторно се одигра, а сега тоа не е случај?!“, му се развика на судијата и потоа почна да удира со рекетот по теренот.
Поради ова тој беше санкциониран со одземање поен, со што Грикспор од 6:2 дојде до 7:2.
Со тоа го освои третиот сет, воедно и го доби мечот, а со тоа и Холандија ги победи Американците бидејќи стигнаа до недостижни 2:0 пред мечот во двојки.
Во двојки, Американците го намалија резултатот на 2:1, бидејќи Раџив Рам и Остин Крајичек ги победија Матве Миделклоп и Весли Колхоф со 6:7(5), 7:6(3), 6:3.
CRAZY drama to finish 😱
Tiafoe and USA lose the match and tie to a POINT PENALTY!#DavisCup pic.twitter.com/3ZNjxhL0vF
— Tennis TV (@TennisTV) September 14, 2023