Вистинска драма се одвивала во Кина кога седумгодишно девојче паднало во надојдена река и случаен минувач го спасил од давење.
Како што вчера објави кинеската новинска агенција „Ксинхуа“, во градот Кингјуан во провинцијата Гуангдонг на југот на земјата се случила ситуација во која за миг се одлучувало за живот или смрт.
A moment of life and death! A man in China’s Qingyuan City jumped into a river to save a drowning girl. #EverydayHero #China pic.twitter.com/41VAZt6u27
— China Xinhua News (@XHNews) September 13, 2023
Таа област, инаку, беше зафатена од обилните врнежи предизвикани од тајфунот Кајкуи, кој го зафати регионот пред нешто повеќе од една недела.
Во видеото објавено на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), Ксинхуа наведува дека маж, без двоумење скокнал во реката штом ја видел водата што го носи девојчето.
Тој допливал до неа, ја фатил и ја повлекол кон брегот.
Мажот успеал да го спаси девојчето кое било целосно мокро, но живо, а луѓето околу неа проверувале дали е се во ред со неа и дали има одредени повреди.