Од полноќ зголемување на цените на горивата

Од-полноќ-зголемување-на-цените-на-горивата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 11.9.2023 година.


Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,795%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,080% , кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 3,408 и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,562%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 15.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС 47,304 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,475%

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK