Албанската опозиција достави интерпелација за работата на јавниот обвинител Јовески

Албанската-опозиција-достави-интерпелација-за-работата-на-јавниот-обвинител-Јовески.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опозициските партии од албанскиот политички блок Алтернатива, Движењето БЕСА и Демократското движење доставија интерпелација за работата на Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.



Партиите велат дека главна причина за интерпелацијата е кулминацијата на неговата неконзистентна, нетранспарентна, контроверзна работа и губењето на јавната доверба кон институцијата Јавно обвинителство што се случи со судскиот предмет за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде трагично загинаа 14 лица.

„Ние сметаме дека улогата на јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во овој случај стана предмет на сомнеж и за тоа е потребна одговорност и јавно објаснување. Оваа интерпелација има за цел во јавна собраниска расправа да ги покрене сериозните сомнежи дека Јавното обвинителство криел факти и информации во текот на целата постапка за да заштити на тој начин некои политичари и членови на бизнис елитите, кои биле вклучени во изградбата на модуларните болници кои беа предмет на оваа трагедија“, велат од трите партии.

Интерпелацијата е доставена во законодавниот дом и се чека претседателот Талат Џафери да ја процесуира во во рок од 15 дена да ја стави на дневен ред.

 

Албанската опозиција бара Јовески да се појави во Собранието и пред народот и да ја објасни, како што велат, неговата улога во овој случај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK