Прашањето што се наметнува деновиве е: „Како е можно некој да ископа тунел долг 30 метри токму пред очите на јавноста и пред властите во Вишиот суд? За да се ископа тунелот долг 30 метри што ги поврзува двете згради не беше потребна тешка механизација, туку беа потребни прецизни карти, вели Драган Жарковиќ, судски вештак од областа на градежништвото.
„Некој мораше да ги даде податоците за крајната точка на тунелот, тоа мораше да го направи со геодетски апарати и инструменти и претпоставувам дека тоа е направено со рачен алат, без употреба на некој современ алат кој би го направил тоа побрзо. Моја претпоставка е дека тоа се правело подолг временски период, можеби и ноќе“, наведува Жарковиќ.
Судскиот вештак посочува дека звукот на делата биле камуфлирани од секојдневната врева, а не исклучува и современи тивки машини.
„Оние кои се занимаваат со такви работи, а тоа се организирани криминални групи, имаат помодерни технологии од оние кои треба да ги спречат во тоа. Тоа е проблемот на Црна Гора“, вели Жарковиќ.
Според првите проценки, димензиите на тунелот се еден метар на 80 сантиметри, за што требало да се ископаат околу 18 кубни метри земја, вели Жарковиќ.
Тој додава дека во 15-годишното искуство во градежно вештачење немал ниту еден сличен случај и напоменува дека за попрецизна анализа би требало да го посети тунелот, а таков професионален наод, смета тој, ќе придонесе за истрагата.
За потсетување, во понеделникот беше откриен тунел кој води од Вишиот суд во Подгорица, каде се чуваат клучните докази, до приватен стан во станбена зграда.
Постојат неколку претпоставки за тоа што го предизвикало копањето на таков тунел. Првата е кражба на докази, а втората е бегството на еден од затворениците.
Откриено е дека тунелот бил ископан ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, додека се попишувале докази.
Според истите информации, припадниците на Антитерористичката единица потоа утврдиле дека зад отворот во ѕидот бил скриен тунел кој води до блискиот станбено-деловен објект во центарот на Подгорица. Во акцијата била користена антидиверзантска опрема, како роботи.