Вучиќ: Почнаа тешки разговори во Брисел

Вучиќ-Почнаа-тешки-разговори-во-Брисел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Брисел се одржува нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, а со учество на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти. Тие ќе се сретнат со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателот на Европската комисија, Жосеп Борел, како и со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.


На Инстаграм профилот на српскиот претседател беше објавено дека во Брисел започнале тешки разговори, а објавена е и слика од Вучиќ и Борел.

„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак“, се вели на профилот на Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK