(Видео) Во амбулантно возило во Србија пронајдени 3 килограми марихуана, возачот уапсен

Видео-Во-амбулантно-возило-во-Србија-пронајдени-3-килограми-марихуана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата открила три килограми марихуана во амбулантно возило во Србија, а возачот е уапсен, дознава Индексонлајн.рс.


Припадници на српската полиција од Нови Пазар го запреле возилото на Брза помош од рашчански регистарски таблички и во таа прилика пронашле неколку килограми марихуана, јавува Нова.рс.

Српските медиуми јавуваат дека Брзата помош била запрена на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово. Возачот на Брзата помош е приведен во просториите на ПУ Нови Пазар.

Засега не се знае дали се работи за возило од Здравствениот дом во Рашка или за возило што работи на клиниките на северот на Косово, пренесува Нова.рс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK