Вчера вечер околу 19.00 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода 30-годишниот Б.Ј. и 26-годишниот Б.З., двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР.
– Претходно, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан), соопшти МВР.
Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.