Продолжува целосната реконструкција на патот Дебреш – Здуње

Продолжува-целосната-реконструкција-на-патот-Дебреш-–-Здуње.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По завршувањето на изградбата на 1300 метри канализација, се прават подготовки (тампонирање, нивелирање) за целосно асфалтирање на патот Дебреше – Здуње кој започнува од страната Дебреше, извести општина Гостивар.


Проектот за обновување на патот Дебреше – Здуње вклучува реконструкција на патот долг 1.300 метри, додека паралелно со изградбата на патот, во делот Здуње се гради канализација од 1.200 метри.

Наскоро ќе заврши целокупното асфалтирање на патот Дебреше-Здуње, додека целосната функционализација според стандардите на овој пат значително ќе го олесни сообраќајот на влезните сообраќајници во градот, се додава во соопштението на општина Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK