Серж Ибака од НБА во Баерн Минхен

Серж-Ибака-од-НБА-во-Баерн-Минхен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Серж Ибака ја напушти НБА лигата, кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Со Баерн, поранешниот шпански репрезентативец, потпиша договор до крајот на сезоната.



Ибака има 33 години, зад него е долга НБА кариера која започна кога беше избран како 24. пик на драфтот од тогашниот Сиетл Суперсоникс во 2008 година.

Во кариерата играше за Реал Мадрид, Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик, Торонто Репторс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс.

Со Шпанија има златен медал од Европското првенство во 2011 година и сребрен медал од Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Тој сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Пабло Лас, кој е најзаслужен што центарот ќе биде член на баварскиот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK