Најмалку 24 лица се повредени, а два воени брода се оштетени во украински ракетен напад во и околу заливот Севастопол на Крим, соопшти денеска регионалната администрација назначена од Москва.
Како резултат на нападот се запали „нецивилен објект“ во пристанишниот град Севастопол, изјави гувернерот Михаил Развозаев на Телеграм, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. Според извештајот, околу 10 експлозии одекнале во градот каде што е стационирана руската Црноморска флота. Развозаев ја обвини украинската армија за нападот.
Оштетени се и два руски воени брода.
„Два брода кои беа на поправка се оштетени од непријателски крстосувачки ракети“, соопшти руското Министерство за одбрана.