Кукоч: Јокиќ се уште не е подобар од Дражен или Дивац

Кукоч-Јокиќ-се-уште-не-е-подобар-од-Дражен-или.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот кошаркар Тони Кукоч смета дека Никола Јокиќ не достигнал ниту половина од својот потенцијал.



Кукоч смета дека Јокиќ барем статистички ќе стане најдобриот Европеец кој играл во НБА, но и дека центарот од Сомбор се уште не ги надминал кариерите на Дино Раѓа, Дражен Петровиќ, Владе Дивац или Арвидас Сабонис.

Кукоч имаше клучна улога во тимот на Чикаго Булс од 1996 до 1998 година, со кој три пати беше шампион на најсилната лига во светот. Членот на Куќата на славните немаше ништо друго освен пофалби за српскиот кошаркар, кој моментално е најдобар играч во светот.

„Тој игра одлично. Го фалев Јокиќ кога сè уште никој не зборуваше за него. Ми се допаѓа неговиот стил на игра. На секој натпревар го покажува тоа. Тој размислува на поинаков начин од другите”, изјави Кукоч, пренесува „Наскетњуз“ .

„Со своето кошаркарско знаење и интелигенција, што е многу важно, тој го надополнува недостатокот на атлетизам. И тоа не можете да го видите бидејќи игра во свој ритам, не можете да забележите дека некој е побрз или поагилен. од него“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK