Португалскиот играч за врска Бернардо Силва по долги преговори остана во Манчестер Сити и оваа сезона.
Во летниот преоден рок, Португалецот имаше понуда од Саудиска Арабија, а се поврзуваше и со Барселона.
Каталонците не можеа финансиски да го вклопат во нивниот ограничен фонд за плати, но затоа се подготвуваат да го реализираат трансферот наредното лето.
„Мундо Депортиво“, пишува дека Бернардо Силва во новиот договор вметнал откупна клаузула од 50 милиони евра, која Барселона би можела да ја плати следната година.
Португалецот му се приклучи на Сити во 2017 година и освои пет титули во англиската Премиер лига, минатата сезона ја освои и Лигата на шампионите.