47-годишна лекарка ја злоупотребила својата положба со тоа што на пациенти издавала лекови кои содржат психоактивни супстанци, без тие да знаат. Таа беше уапсена дури по година и половина.
Станува збор за докторка кој работела на супститути, која издавал лекови на имиња на пациенти иако воопшто не им биле потребни. Инаку, станува збор за лекови кои содржат психоактивни супстанци, па не е исклучено да продолжила да ги препродава откако ќе ги подигне. Во моментов полицијата ја сомничи за препродажба на дрога, препродажба на забранети работи во спортот, но и злоупотреба на положбата и овластувањето и фалсификување документи.
Засега е утврдено дека од 7 март минатата година до 10 јуни годинава, додека била на должност на повеќе ординации на подрачјето на Сплит, Солин, Каштела и островот Брач, ја злоупотребила положбата. Таа имала овластување да издава ограничени и посебни рецепти за лекови кои инаку не може да се добијат без стручно одобрение, поради што издала вкупно 165 такви рецепти, јавува „N1“ Загреб.
Рецептите биле на имиња на голем број луѓе, кои не ни знаеле дека им се издаваат рецепти, ниту пак дале одобрение за тоа. Покрај тоа, на овие пациенти дури и не им биле потребни овие лекови, пренесуваат медиумите во регионот.
Станува збор за лекови кои содржат оксикодон хлорид, односно оксикодон соматропин.
Оксикодонот инаку е исклучително силен опиоиден аналгетик, кој може да предизвика зависност. Може да се злоупотреби ако се зема кога не е потребно.
Соматропин е синтетизиран хормон за раст кој најчесто се злоупотребува во спортот поради неговото влијание врз растот на мускулите и атлетските перформанси. Може да се користи и како средство за слабеење.
Осомничената докторка сама ги заверувала рецептите со печати и нејзин потпис. Всушност, полицијата утврдила дека никој од пациентите не ги побарал овие лекови, но сепак таа подигнала поголема количина. За делата за кои се товари ѝ се заканува затворска казна до 12 години.