Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово

Screenshot_18.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, на автопатот Скопје – Тетово, после клучка Волково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот М.Љ. од село Копаница, скопско, патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Ќ.З. од Тетово и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот А.Ф. од Гостивар, извести МВР.



– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.Љ. и сопатничка од возилото „рено клио“, С.З.(61) од Тетово, а со телесни повреди се здобил Ќ.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK