Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни македонскиот ракометен функционер Дрган Начевски со двегодишна суспензија и казна од 5.000 евра по приказната на данската телевизија „ТВ2“, во која тој е во разговор со наводен кинески бизнисмен.
Начевски во тој разговор зборува за местење на мечеви, но ја одбива понудата за било какво местење, но ЕХФ смета дека тој направил прекршок што не го пријавил случајот до федерацијата.
„Судот на ЕХФ го суспендира Начевски на две години за држење на никакви функции во ЕХФ, а покрај тоа тој ќе треба да плати 5.000 евра за прекршување на основните обврски според регулативите на ЕХФ и кодот на однесување на ЕХФ. Оваа одлука се однесува само на прекршоците поврзани со неизвестување за случајот. Легалните постапки и истраги за недостаток на интегритет и нерегуларности со обложување уште трааат“, велат од ЕХФ.
The EHF Court of Handball has reached its decision in a case opened against the Member Refereeing of the EHF Competition Commission, Dragan Nachevski, concerning allegations in connection with a non-reporting violation.
Full statement: https://t.co/sCqYa6WagH
— European Handball Federation (@EHF_Activities) September 11, 2023