Вчера во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 59-годишниот А.Ј. од Охрид, извести МВР.
– Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.