Сообраќајка во Гостивар: со „бмв“ удрил во пешак, а потоа во ограда и куќа, двајца тешко повредени

Сообраќајка-во-Гостивар-со-„бмв-удрил-во-пешак-а-потоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „ЈНА“ во Гостивар патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Е.М. од гостиварски Балиндол, удрило во 18-годишниот пешак Х.Н. од Гостивар, а потоа во ограда и куќа на истата улица, извести СВР Тетово.


– Во несреќата, пешакот и сопатникот во возилото В.Ќ.(28) од Гостивар се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK