Левицата: Сите инволвирани во случајот на Онкологија да се најдат пред обвинителна клупа

Левицата-Сите-инволвирани-во-случајот-на-Онкологија-да-се-најдат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска, за пред Владата на Република Македонија со почеток од 18 часот повторно на социјалните медиуми е најавен протест за случувањата околу кримималот на клиниката за онкологија – социјалниот немир кој го создава Владата на СДС и ДУИ не стивнува, велат од Левица.



Партијата дава поддршка на протестите, сметајќи дека праведна разрешница е неопходна во конкретниот случај, но и можна единствено преку искажување на револтот на граѓаните и создавање на притисок на институциите кои, како што велат, изминатите години немаат слух за барањата на народот.

– За криминалот на клиниката, кој има непосредно резултирано со згаснување на животите на нашите најблиски, потребно е сите инволвирани да се најдат пред обвинителна клупа и да ја сносат одговорноста за своите постапки, додаваат од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK