Зеленски: Во последните седум дена постигнавме напредок кај Бахмут

zelenski3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските војници кои учествуваат во контраофанзивата против руските сили постигнале напредок на јужниот фронт оваа недела и дека има одреден напредок во близина на источниот град Бахмут.



„Во изминатите седум дена постигнавме напредок во областа Таврие. Развој имаше и во областа Бахмут. Да, напредок“, рече Зеленски.

Генералштабот на украинската армија претходно објави дека украинските сили напредуваат во различни делови на регионот Доњецк, во близина на градот Авдијевка на фронтот, како и недалеку од Клишиевка, село во близина на Бахмут, кое се смета за клучно за повторно заземање на тој град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK