РК Прилеп и РК Тиквеш стигнаа до победи во првите мечеви од новата сезона во Супрлигата, групата А, остварувајќи тесни триумфи на домашен терен.
Прилеп успеа да се врати во последните минути од мечот против фаворитите Бутел за да стигнат до 28:27 (11:13) победа, откако гостите не го реализираа последниот напад за израмнување.
Во Кавадарци пак, Тиквеш во текот на целиот меч имаше водство против вториот тим на Пелистер, за на крајот да стигнат до 28:26 (14:10) победа.
Фото: РК Прилеп