(Видео) Татко и син загинааа во авионската несреќа – детали за несреќата во Унгарија, има и повредени

Видео-Татко-и-син-загинааа-во-авионската-несреќа-–-детали.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во страшната несреќа што се случи денеска за време на аеромитингот во Боргонд, Унгарија, кога авион се урна и експлодира под се уште неразјаснети околности, загинаа татко и син.



Според тамошните медиуми, Вилмош Розавољџи и неговиот син Арпад ги загубиле животите во трагедијата, кога се урнал авионот во кој се наоѓале. Немале шанси да го преживеат ударот, бидејќи леталото експлодирало по падот.

Спортскиот авион се урна за време на показниот лет во неделата попладне на денот на летање во Фехервар, поточно на воздушната парада во Боргонд. Оние кои биле на лице место само виделе дека авионот Т28 Тројанец се навалил, изгубил брзина и паднал, пренесува Блик.

Од Националната служба за брза помош изјавија за локалните медиуми дека амбулантите кои биле на лице место почнале да ги лекуваат повредените, а набрзо пристигнале уште амбулантни возила и три спасувачки хеликоптери.

Животите на две лица (татко и син) не можеле да се спасат, а три лица (девојка, жена и маж) се здобиле со тешки изгореници и со хеликоптери на брзата помош биле пренесени во болниците во Будимпешта.

Четвртото лице, односно момчето е полесно повредено и по укажаната помош на лице место е пренесено во болницата во Секешфехервар.

Сопственикот на авионот, Вилмос Розавољи, пред првото полетување изјавил дека авионот бил произведен во 1951 година и бил во воздухопловните сили на САД до 1956 година, по што бил продаден на Французите. Кон крајот на 70-тите се вратил во Америка, во приватни раце, а подоцна бил купен од швајцарски државјанин од Јужна Африка. Авионот бил расклопен и пренесен во Швајцарија, а Росаволги го купил на 24 април со помош на неговите пријатели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK