Грин Машинс на БРАКО се претстави на саем во Босна и Херцеговина

Green Machines - Prijedor Expo BiH 4
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјализираните возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од Велес, Грин Машинс, се претставија на Саемот за комунална опрема кој се одржа во Приједор, во Босна и Херцеговина.

На саeмот беа изложени модели кои претставуваат софистицирани технолошки решенија за одржување хигиена и кои се користат во над 60 земји во светот.


„Станува збор за  моделите GM 400 ZE, GM 500ZE, GM 636 stage V и GM 955, од кои секој на свој начин е единствен по своите перформанси. Направивме и демонстрација на возилата за кои имаше огромен интерес. Градот Приједор го купи моделот 636 stage V и се вклучи во огромната листа на чисти градови  благодарение на возилата од брендот Грин Машинс“, нагласи Владимир Локвенец, комерцијалниот директор на Грин Машинс.

 

Со особен интерес е следена демонстрацијата на најпродаваниот модел GM 500 ZE, кој сега е со поголема кабина и напреден систем за управување и каде сите копчиња се заменети со панел на допир. Беше  изложен и моделот GM 400 ZE, кој благодарение на  системот  за рециркулација на воздухот, има зголемен капацитет за филтрирање на прав,а  количината на честички што се емитуваат е намалена за три пати. Од техничките спецификации на GM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри.

БРАКО/Грин Машинс беа дел од вкупно дваесетина изложувачи на саемот, а Грин Машинс беше и генерален спонзор на манифестацијата.

Градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, упати и официјална благодарница до Грин Машинс за учеството во организацијата и реализацијата на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK