Македонија успеа да освои бод против актуелниот европски шампион Италија. Натпреварот во квалификациската група Ц, за пласман на Европското првенство заврши без победник 1:1.
Вечерашниот натпревар беше четврти меѓу овие репрезентации, Македонија и Италија имаат по една победа, два натпревари завршиле без победник.
Очекувано, новиот селектор на Италија, Лучано Спалети не отстапи од својата филозофија, неговиот тим да биде тој пто ќе ја има топката и ќе го контролира ритамот на натпреварот.
Македонија, од почетокот на натпреварот застана во низок блок, некогаш и со сите играчи зад топката. Шансите Македонија ќе бара во контранападите.
Италија првата закана ја имаше преку Димарко во 13.минута. левиот бек наместо да шутира од 12 метри сакаше да биде несебичен, но не успеа да ја врати топката до Барела.
Во следната минута по првиот корнер, опасно се закани Кристанте, неговиот удар заврши крај голот.
Првата закана Македонија ја имаше во 19.минута. Алиоски истрча во контра, испрати перфектен центаршут на десната статива, Миовски биеше крај голот.
Две минути подоцна Италија ја имаше најдобрата шанса. Од втор план во празно влета Тонали, но неговиот удар заврши во стативата. 60 секунди подоцна Димитриевски брилијантно го одбрани ударот на Кристанте.
Во 38.минута обид на Елмаз од 22 метри, Динарума без проблем ја скроти топката.
Во 41.минута, Алиоски во последен момент го изблокира удатот на Политано.Потоа интервенираше Димитриевски, кој се повреди поради лошата состојба во која се наоѓа теренот на арената „Тодор Проески“.
Само што започна второто полувреме, италијанскиот капитен Чиро Имобиле ја шокраше Македонија. Долго нашата одбрана се мачеше да ја исфрли топката од шеснаесетникот, на крајот таа дојде до Барела кој упати страотен удар, топката од гредата се одби до Имобиле кој ја смести во голот.
Потоа следуваше период на мирна игра, Италија се задоволи со минималната предност и се обиде без проблеми да го заврши мечот.
Како одминуваше времето Македонија полека ги преземаше конците во свои раце. Елмас опасно му се закани на Донарума во 75.минута. Неговиот удар заврши за малку крај стативата. Но тој удар беше најава за она то ќе се случи шест минути подоцна.
Во првиот натпревар во кој ја предводи Македонија со капитенската лента, Енис Барди постигна спектакуларен гол. Во 81. минута од слободен удар од 23-24 метри, Барди го погди спротивниот агол од голот на Донаруна.
До крајот Македонија успеа да ги исконтролира сите обиди на Италија.
Македонија за три дена ќе гостува во ла Валета кај Малта, додека Италија ќе ја пречека Украина.
Табела:
Фото/ Игор Паневски