(Видео) Украина и Англија ремизираа во Вроцлав

Видео-Украина-и-Англија-ремизираа-во-Вроцлав.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Украина и Англија ремизираа 1:1,во Вроцлав, во дерби натпреварот од петтото коло од групата Ц за квалификациите за ЕВРО.


Англичаните беа подобриот противник во првите дваесетина минути, но не успеаја да ја материјализираатиницијативата. Казната ги стигна во 26.минута, кога Украинците постигнаа гол од првата сериозна акција. Стрелц беше Александар Зинченко.

Англија израмни пред паузата. Капитенот Хари Кејн испрати феноменална дијагонала кон Кајл Вокер, а искусниот дефанзивец погоди за радост на Англичаните.

По еден час игра Англија имаше одлична шанса да поведе. Сака упати силен удар од левата страна, а голманот на Украинците Бускан спектакуларно одбрано со помош на гредата.

Само неколку минути подоцна англиските фудбалери бараа пенал, но ВАР не се огласи откако Кривцов играше со рака.

Англија на табелата во Ц-групаа по пет одиграни натпревари има 13 бода, Украина со натпревар помалку досега освои седум. Италија и Македонија имата по три бода, по два односно три одиграни натпревари, Малта е последна без освоен бод.

Во оваа група од 20.45 часот, во Скопје, Македонија ќе ја пречека Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK