Мицкоски: Новата Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изнесе пред лицето на правда сите кои случајот Онкологија го ставаат под тепих

Мицкоски-Новата-Влада-која-ќе-ја-предводи-ВМРО-ДПМНЕ-ќе-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гледате како луѓе блиски до владејачките партии се здружиле и на маката на луѓето профитираат, нешто што е за целосна осуда, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Кавадарци.


Мицкоски истакна дека она што повеќе од се загрижува, е тоа што органите на прогонот покрај тоа што на дневна основа се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, овој случај како целосно да го ставаат под тепих, го игнорираат, го забораваат и до овој момент можеби повеќе од 10 дена, две недели нема ниту пак било каква информација за луѓето кои се вмешани во тоа дело.

„Јавноста ги знае, не може да ме убеди ниту мене, ниту било кој дека тие кој ја водат истрагата не ги знаат имињата на луѓето кои се највиновни за тоа што се случувало на Онкологија во изминатиот период“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека новата Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изведе пред лицето на правдата лицата кои го ставаат случајот под тепих и тие кои се најодговорни за тоа што се случувало.

„За неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и дека тие што ова го ставаат под тепих и тие кои се дел од ова грозоморно мафијашко здружување ќе бидат изведени пред лицето на правдата во најбрз рок и јас лично ќе побарам највисоки казни и за овие кои се обидуваат под тепих да го стават случајот но и за тие што се најодговорни што ова се случувало“, посочи Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK