Работник од Куманово загина од струен удар.
МВР објави дека несреќата се случила во текот на вчерашниот ден, а станува збор за 44-годишен кумановец со иницијали Д.Г. кој во моментот бил во фабрика.
Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, каде лекар констатирал смрт.
Извршен е увид, а телото предадено на семејството.