Момче на 22-годишна возраст нападнало три лица и полицаец во продавница во Кисела Вода.
Од МВР информираат дека момчето со иницијали А.Ѓ. околу 18. часот, по претходна расправија, физички ги нападнало К.Ц.(18) и двајца малолетници, а потоа агресивно и полициски службеник кој вршел службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.