Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца-македонски-државјани-евакуирани-во-Мароко-по-катастрофалниот-земјотрес.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш.


Министерството за надворешни работи објави дека двајцата се во добра состојба и утревечер патуваат за Мадрид.

„Информираме дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро, е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација“, велат од МНР.

Од тука ги повикуваат сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш, во Мароко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK