Во Маврово во организација на Халкбанк се одржа уште една успешна ХалкВелоГрин трка

PIK09197
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уште една успешна ХалкВелоГрин хронометар велосипедска трка се одржа на 8 септември во Маврово. Над 200 вљубници во велосипедизмот празничниот неработен ден го искористија да се дружат, забавуваат и натпреваруваат, а најбрзите од нив, во различни категории, освоија и вредни награди. Организатор на трката што се одржа четврта година по ред и веќе стана традиционална е Халканк АД Скопје, и истата е дел од еко – платформата ХалкЕко на банката чија што цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина.

Самата трка годинава, покрај натпреварувачкиот дух, доби повеќе и забавен и рекреативен карактер, ставајќи го акцентот на велосипедот како средство за рекреација, спорт и движење за секој.


Оваа година во категоријата ВОЗРАСНИ во женска конкуренција најбрза беше Андријана Анастасоска, второто место го освои Александра Танасоска, а третото Лидија Мано Илиев. Во истата категорија во машка конкуренцја прв на целта пристигна Димитар Јовановски, а зад него Кирил Марковски и Маријан Тасевски. Во оваа категорија, инаку, годинава беа формирани и подкатегории според возраста и тоа мажи и жени од 40 до 49 години, од 50 до 59 години и над 60 години.

Во категорија ДЕЦА, кај оние на возраст од 13 до 17 години најбрзи беа Симона Стојановска oд девојчињата, Андреј Маџоски, Константин Костоски и Никола Ристески од машките, а кај најмладите велосипедисти, деца од 6 до 12 години кои возеа траса долга 12 километри, (до Никифорово и назад), првите три места ги освоиј Оља Цветанова, Тија Кукунешоска и Софија Кутаноска од женските и Марко Михајлов, Марко Шаврески и Марко Чекеровски од машките деца.

Бидејќи годинава имаше можност и за тимско пријавување, за најбрзи тимови беа проглесени тим Нивеа, тим ЈЦА и тим Халкбанк.

Најдобрите велосипедисти во сите категории освоија и вредни парични награди кои што ги обезбеди Халкбанк и тоа 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ВОЗРАСНИ, во машка и женска конкуренција, односно во категоријата ДЕЦА, од 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди во категоријата ВОЗРАСНИ ќе бидат исплатени на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

Трката ХалкВелоГрин е само дел од многубројните настани и активности кои Халкбанк како еко ориентирана компанија ги организира или ги поддржува преку својата платформата ХалкЕко која што ја претставува „зелената агенда“ на банката. Во средиште на платформата е истоимената апликација преку која, со вредни награди, банката ги мотивира корисниците што повеќе да пешачат или да користат велосипед или тротинет како превозни средства.

Како и секоја година и годинава, собраните средства од котизациите за учество во трката Халкбанк повторно ќе ги искористи за  општествено корисни цели.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK